Испечатете ја страната

Даун синдром не е збор за плашење, туку дете за сакање – денеска е Ден на лицата со Даун синдром

Недела, 21 Март 2021

Денеска е Денот на лицата со Даун синдром. Денеска се одбележува убавината на различностите и инклузијата, затоа што во нивната разновидност всушност се крие најголемата убавина, која се открива преку топлата, весела, нежна и емоционална природа, која го освојува сечие срце.

Анче Туфекчиева, мајка на девојче родено со Даун синдром, борец, но и жена хуманитарец, која несебично се вложува во поддршка на семејствата каде што имаат дете со попреченост, секојдневно се бори и за нив со препреките и стереотипите во општеството. Таа е и основач на Здружението „Вера“ од Струмица - здружение за помош и поддршка на лица со Даун синдром.

„Од 2006 година насекаде во светот се одбележува 21 март, една година подоцна со раѓањето на мојата ќерка Верче се вклучивме и ние во „семејството одбележувачи“ се со една цел: Да испратиме една порака дека овие луѓе се тука меѓу сите нас и дека треба да ги имаат сите права како секој граѓанин. Медицината не е секогаш правилна и праведна кон нас, понекогаш не опишува поцрно и полошо од тоа што сме. Ништо не е случајно, сепак најтешките борби се за најсилните „играчи“. Понекогаш се прашувам дали Верче навистина има еден хромозом повеќе, или ние имаме еден помалку... затоа што таа не знае за омраза и завист... Поради нејзината состојба многу добри луѓе влегоа во нашите животи, а лошите луѓе едноставно ги снема. За таквите нема место во нашите животи“ – вели Туфекчиева.

Според Туфекчиева, среќа голема што Верче ја има моќта да ги препознае луѓето кои вистински ја сакаат и не гледаат попреченост кај неа, но и да ги препознае луѓето на кои им пречи нејзиното присуство.

„Затоа со нејзина помош дознавме дека постои еден поинаков свет, свет без предрасуди... запознавме многу семејства со кои секојдневно заедно ги делиме нашите проблеми и си помагаме едни со други... Денес после скоро 14 години можам слободно да кажам дека Верче е силата во мојот живот, и дека кога би имале можност да бираме пак една со друга би се избрале, затоа што животот без неа не би бил толку вреден за живеење“ – додава Туфекчиева.

Дауновиот синдром влијае, но не го одредува развојот на личноста. Луѓето кои го имаат овој синдром се уникатни, со сопствени таленти, способности, размислувања и интереси. На секои 700 до 900 случаи мајките раѓаат дете со Даун синдром и е застапен кај сите луѓе од било која етничка, расна и социјална популација.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...