Ленче Кукиќ во „Магазин“ на ТВ Сител: „Ковид-19 ми дојде како некоја пауза, да се одморам, да се средам, да видам кај сум“

Петок, 26 Февруари 2021

Струмичанката Ленче Кукиќ за емисијата „Магазин“ на ТВ Сител вели дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше, откако претходно нејзиниот сопруг Горан Кукиќ, учествуваше и беше победник на ова музичко натпреварување, а потоа и таа во 2019-та.

„На граница не познаа: О, еве ги Македонците од Никад није касно, и во Белград на улица исто така“, кажа Ленче во емисијата спомнувајќи дека нејзиот сопруг ѝ бил инспирација и таа да се пријави.

„Горан беше на нивна покана учесник, а јас немав години за да учествувам во Никад није касно. И некако така емотивно се откажав. Си реков: Еве... За мене тоа беше крај. Но, после три години се случи нешто друго. Не знам, јас се викам дека тоа е се некоја Божја работа. И да сакаш да го планираш тоа, не можеш“, раскажа Ленче.

„И секогаш си велев. Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент. Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото“, додаде Ленче.

Ленче говореше и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

„Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми. И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага. Дури и сега кога ме прашуваат, како го издржа тој период, јас не знам што да кажам. Стоев таму и гледав на екранот дека јас ќе победам, веќе последните бројки, ама не знам, бидејќи баш таа недела ми беше многу тешка“, кажа Ленче и продолжи да зборува за паузата околу вирусот.

„Мене лично вирусот ми дојде како некоја пауза, да се одморам, да се средам, да видам кај сум. Ако се работеше, јас мислам дека немаше да издржам. Ама, сега веќе се наоѓам во ситуација кога го пребродив тоа и се наоѓам во ситуација каде што почнува да ми работи волјата за работа“, кажа Ленче.

Таа говореше и за соработката Горан Алачки, почитуваќи ги сите протоколи за заштита изминатиот период снимиле еден убав албум на стари македонски песни, што за неа е голема радост.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...