Испечатете ја страната

„Here I stand“ е насловот на евровизиската песна со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија

Петок, 12 Февруари 2021

„Here I stand“ е насловот на евровизиската песна со која што македонскиот претставник, Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија, во мај во Ротердам, Холандија.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

„Во целиот хаос и бура од разочарувања минатата година, Here I stand „се напиша” во еден здив, без притоа да помислам за каде и за кого ја пишувам песната. Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја „осудите”, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма. Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евросонг. Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, Here I stand е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена. Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене“, вели Васил.

Песната ќе се снима во ренoмираното студио „Fames“ во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали ќе се снимаат во Чикаго, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде и самиот Васил членуваше како дете. Песната ќе биде промовирана на почетокот на месец март, заедно со видео спот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...