На денешен ден пред 9 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за песна и дружба и секогаш подготвен да им помогне на сите... Гоце Арнаудов.
Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни.
Една од последните негови песни е темата „Песно моја“ во која тој пее:
Песно моја биди жива
Кога мене ќе ме нема
Кога ќе се јавам јас пред Бога
Може лесно да ме бришат
Можат грешки да ми пишат
Но, сведок ти ќе останеш.
Без сомнение песните кои ги отпеа со многу љубов, ќе продолжат да живеат и ќе бидат сведок за еден голем човек и пејач со неверојатна енергија.
Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а речиси на сите фестивали ги освојува првите места.
Во 1994 година на Фолк Фест „Валандово“ со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, а таа песна се уште е меѓу омилените фолк песни на македонската публика.
Тој зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест „Валандово“ му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.
Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадев на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостуваше на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествуваше редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Гоце прави концерт на стадионот „Младост“ и собра 10 илјади публика, а првите луѓе на градот му ја дават наградата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и за почесен граѓанин на Струмица.
Во малиот Градски парк во центарот на Струмица, спроти неговиот дом, Општина Струмица му постави споменик, уметничко дело на нашиот најталентиран уметник и професор по ликовно, Митко Тошев, за Гоцевата заслуга како и големиот придонес во фолк музиката.
.
.
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...
Фев 25, 2021 Вести
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...
Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...
Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...
Фев 24, 2021 Вести
Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...