ОД 2013 година телевизија ВИС добива регионална концесија, во периодот кога главен менаџер е Миле Милановиќ, а нејзината програма ја следат околу 200.000 гледачи од целиот Југоисток.
Во моментов во ТВ канал ВИС се вработени двесетина медиумски и административни работници, а телевизијата е фокусирана на продукција на информативна програма - вести и десетина авторски емисии.
Телевизијата своите успеси ги темели пред се на професионалниот и посветен новинарско – водителски тим со децениска медиумска традиција што го сочинуваат, Ване Трајков, Ѓорги Калајџиев, Стојне Митева, Катерина Дафчева, Сузана Мицева и Ивана Вангелова, камера и фото мајсторите, Тане Коџабашиев, Кире Пиличев и Георги Кончалиев, компјутерско-техничката поддршка, Мики Граматиков и Јане Поп Иванов како и одговорните лица за маркетинг, Мери Јанчева и главниот и одговорен уредник и директор на ВИС, Илија Шулев. Во менаџерскиот тим на телевизијата во моментов е Димитар Мицев.
Пред само шест месеци, телевизијата преживеа голем пожар во којшто изгоре целосната опрема и просториите. Од јуни, ТВ канал ВИС е во нови простории со целосно нова опрема и студио.
ТВ ВИС остана единствената телевизија во Струмица од петте што постоеја во изминатите 29 години, ТВ Јул, ТВ Интел, ТВ Струмица и Телеканал А1.