Што треба да знаете за ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

Петок, 09 Октомври 2020

Таканаречениот викенд без ДДВ за првпат ќе се случи овој викенд, на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11-ти Октомври.

Во привилегиите од овој викенд ќе може да уживаат само корисниците на апликацијата „МојДДВ“, кои ќе купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.

Граѓаните имаат многу нејаснотии околу начинот на кој ќе се одвива пазарењето за време на викендот без ДДВ, колкав максимален износ можат да добијат како поврат, што можат да купат, од каде, колкава количина итн.

Генерално за да им биде вратен ДДВ во целост, граѓаните ќе мора да купуваат исклучиво македонски производи или услуги. Целиот износ на ДДВ ќе им биде вратен на граѓаните и доколку купат компјутер, печатач, скенер, софтвер или сè што спаѓа во ИТ опрема.

Најважната работа што треба да ја знаат граѓаните е податокот дека продавницата од која што ќе пазаруваат мора да поседува фискален апарат од каде што уредно ќе им биде издадена фискална сметка на која точно ќе биде утврдено што е македонски производ, а што е производ од странство.

Исто така, многу важен податок за граѓаните доколку сакаат да го добијат целиот износ на ДДВ е тоа што добиената фискална сметка од пазарувањето ќе мора да ја скенираат за време на продолжениот викенд односно т.н. ВИКЕНД БЕЗ ДДВ. Доколку не ја скенираат фискалната сметка во тој период, тогаш поврат на ДДВ нема да добијат. 

Инаку, како што е познато, за регуларниот поврат на ДДВ, фискалната сметка има рок да се скенира во следните 10 дена, откако ќе се пазарува, но за викендот без ДДВ, скенирањето ќе мора да се направи на 10, 11 или најдоцна на 12 октомври.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмичката болница, нов директор е доктор Катерина Кузмановска

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмич…

Јан 21, 2021 Вести

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македонија на Евровизија

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македон…

Јан 20, 2021 Магазин

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...