Струмичанецот Сашко Митев, кој на музичката сцена е повеќе од 20 години, но во последната година освен ангажманите во ансамблот „Танец“, каде е вработен како кавалџија, почна да гради и своја соло кариера како пејач.
По неговата прва песна, „Подгорија“, која излезе во етер на почетокот од 2020 година заедно со видео запис, Сашко деновиве со уште една песна насловена „Ергенски живот“, за која исто така е направен видео запис.
„Песната ја посветив за еден убав период од мојот живот, за младоста, за момите, кафаните, серенадите со гитарите, период од животот што кај секого од нас буди убави спомении ги разнежнува нашите срца. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката и барем за миг секој ќе се пронајде во неа“ – вели Сашко.
Музиката, текстот и аранжманот ги напиша Сашко, а во реализацијата на аудио и видео записот учествуваа, Марјан Богоевски на хармоника, Кирил Митановски на виолина, Марјан Јованов - гитара, Златко Димитриоски - тамбура, Дарко Младеновски - удиралки.
Песната е снимена е во Студио „Ситѕ Соунд“ во Скопје. За видео записот, кој е снимен на локации во Струмица, беше ангажиран тим на Студио „ЛУМА“. Статисти беа членови на ансамблот „Тримери“ од Струмица, како и, како што вели Сашко, неговите другари од детството, па се до денес.