Вчера во 15:15 часот во Струмица, полициски службеници лишија од слобода 22-годишен жител на Струмица. Според пријавеното, тој на 07.12.2025 година физички ја нападнал неговата сопруга, при што ѝ нанел повреди. Тој е задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Струмица.





























