СВР Струмица информира дека вчера напладне на улицата „Плачковица“ во Струмица, патничко возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(65) од Кочани, удрило во пешакот В.К.(65) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.





























