Од Општина Струмица информираат дека на 10 декември 2025 (среда) и 11 декември 2025 (четврток), поради одбележувањето на празникот на градот – Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, СВР Струмица ќе спроведе посебен режим на сообраќајот на следните улици:
- ул. „Крушевска Република“,
- ул. „5-ти Ноември“,
- дел од ул. „Бетовенова“,
- ул. „Славчо Стојменски“.
Дополнително, дозволена зона за поставување мобилни продажни пунктови ќе биде десната страна на ул. „Крушевска Република“, на потегот: од крстосницата на ул. „Крушевска Република“ со ул. „5-ти Ноември“ (Чурлински мост), до крстосницата на ул. „Крушевска Република“ со ул. „Маршал Тито“.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат утврдените мерки и насоки, со цел безбедно и непречено одвивање на празничните активности.





























