Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков го назначи Ване Митушев за нов директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица Транспорт“. Со ова именување, општината најавува засилен фокус на ефикасен градски превоз и современа урбана мобилност.
Митушев е дипломиран сообраќаен инженер со повеќе од две децении професионално искуство во областа на патниот сообраќај и транспорт. Тој беше член на Советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2009 до 2013 година.
Од општината истакнуваат дека со изборот на искусен и стручен кадар се вложува во подобрување на услугите на јавниот превоз, негово модернизирање и унапредување на економската градска мобилност.





























