четврток, 19 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“

вторник, 20 мај, 2025 | 10:04
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров промовирана во Италија – ја објави „Крочети Едиторе“ на италијански јазик

Македонскиот поет од Струмица Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“, која ја доделува „Литератур Лана“ во Јужен Тирол, на северот од Италија. Наградата се доделува на секои две години, а Маџиров е 19-от добитник во речиси 40-годишната историја на оваа престижна меѓународна поетска награда. Меѓу досегашните добитници биле и лауреатот на Струшките вечери на поезијата — Генадиј Ајги, добитникот на наградите „Т.С. Елиот“ и „Форвард“ — британскиот поет Џон Брнсајд, германската поетеса и лауреатка на наградите „Георг Бихнер“ и „Георг Тракл“ — Елке Ерб, добитничката на меѓународната поетска награда „Грифин“ — американско-белоруската поетеса Валжина Морт, шведската поетеса Осе Берг, а последен добитник беше швајцарскиот поет и лауреат на наградите „Монтале“ и „Шилер“ — Фабио Пустерла.

Наградата се состои од признение и паричен износ од 10.000 евра, а церемонијата на доделувањето на наградата ќе се одржи на 3 јуни во Лана на северот од Италија, каде што поезијата на Маџиров ќе се чита на македонски, германски и италијански јазик. Беседа за неговата поезија ќе одржи германскиот писател и уредник, Михаел Кригер, добитник за животно дело на Лондонскиот саем на книгата.

Во образложението за наградата е наведено: „Маџиров спаѓа во највпечатливите гласови на Европа. Тој е ретко кревок во својата радикалност. Постојано ги разнишува утврдените нешта, ја руши историјата и ги преминува сегашноста и минатото според законите на сеќавањето, кое неуморно талка низ времињата. Во поезија полна со митски и секојдневни слики, тој го открива изгубеното и незнајното и им придава блескав израз. Иако знаеме дека сме во овој свет само за кратко време, некои луѓе се однесуваат како светот да им припаѓа ним. Дури и книжевниците не се ослободени од оваа ароганција. Сепак, Никола Маџиров избира да ѝ пристапи на реалноста со голема скромност. Тој речиси станува невидлив за да им дозволи на своите песни да блеснат“.

Наградата е именувана според поетот Н. К. Казер (1947-1978), кој пишувал на италијански и германски јазик, познат по својот радикален поетски израз, по немирниот и номадски дух наспроти кревкото здравје, а самиот бил преведувач на поезијата на Умберто Саба и Салваторе Квазимодо. Поезија и есеи на Маџиров во превод на Александер Зицман ќе бидат вклучени во антологијата по повод јубилејот „40 години Литератур Лана“ заедно со другите добитници на Лана наградите и соработници како нобеловките Херта Милер и Светлана Алексиевич, Томас Венцлова, Џон Брнсајд, Марија Степанова и други.

Никола Маџиров минатата недела ја промовираше книгата на италијански јазик „Изреченото нѐ прогонува“ во полниот театар на меѓународниот книжевен фестивал во Киасо, во Швајцарија, кој беше посетен од 6.500 луѓе, каде што гостинка беше палестинската прозаистка Аданиа Шибли. По церемонијата на наградата во Лана, Маџиров продолжува со читања во Антверпен, Џенова, Берлин, Дрезден и други градови во Европа.

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“

Next Post

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица

Related Posts

Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Вести

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци

вторник, 17 јуни, 2025 | 09:48
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

понеделник, 16 јуни, 2025 | 14:23
Познатиот карате мајстор Илија Јорга – соке 10 дан, одржа дводневен семинар во Струмица
Вести

Познатиот карате мајстор Илија Јорга – соке 10 дан, одржа дводневен семинар во Струмица

недела, 15 јуни, 2025 | 19:12

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница
Kривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица – го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist