недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
in Вести, Ново Село, Струмица
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

Организацијата на жени од Струмица, заедно со активистки од женските кружоци од Сачево и Ново Село и претставнички на уште осум локални женски организации, вчера остварија работна средба со Клубот на пратенички во македонското Собрание. На средбата учествуваа 16 активистки од руралните средини, кои ги изложија своите ставови, предлози и искуства со цел унапредување на локалната демократија и поголема застапеност на жените во процесите на одлучување.

Учесничките истакнаа дека за да се обезбеди реално учество на жените во планирањето и креирањето локални политики, неопходни се измени во Законот за локална самоуправа, со воведување повеќестепена постапка за учество на граѓаните и конкретни гаранции за родова застапеност. Притоа беше потенцирана и потребата од формализирање и зајакнување на месната самоуправа преку обезбедување просторни и финансиски ресурси, како предуслов жените реално да се вклучат во заедницата.

Средбата ја отворија претседателката на Клубот на пратенички, Јована Тренчевска, заменичката-претседателка на Комисијата за еднакви можности, Весна Ѓорѓиева, и извршната директорка на Акција Здруженска, Марија Савовска. Савовска нагласи дека женското лидерство мора да биде достапно за сите жени, вклучително и за оние од руралните и социо-економски помалку развиени подрачја.

Ленче Христова од Организацијата на жени од Струмица укажа дека жените систематски се исклучувани од локалните процеси, а тоа може да се надмине само преку јасни и трајни механизми кои гарантираат транспарентност и рамноправност. Таа ги повика пратеничките да ја поддржат иницијативата за закажување на 52-та пленарна седница за усвојување на измените во Законот за локална самоуправа.

Елизабета Стојанова од женскиот кружок во Сачево истакна дека без рушење на стереотипите во домот, без отворени институции и сигурни простори за женско дејствување, не може да се очекува вистинска вклученост. Фадрије Мустафовска од Радика-Де предупреди дека жените од руралните средини остануваат „невидливи“ за дел од постојните програми, бидејќи критериумите не ги препознаваат реалните услови во кои тие живеат.

На средбата беа презентирани и податоци од истражување во три рурални општини, кое покажува висок интерес кај жените за вклучување во заедницата, но и сериозни финансиски и структурни пречки. Дополнително, Ивана Цветковиќ Стојчева од Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја алармираше ситуацијата со недостигот на чиста вода и нерешените системи за отпадни води во руралните места, проблем кој, како што нагласи, е „прашање на опстанок“ и бара итна национална интервенција.

За секојдневниот товар што го носат семејствата во вакви услови зборуваше и Жељка Диклиќ Илиевска од женскиот кружок Пчиња, истакнувајќи дека дел од домаќинствата трошат значителни средства за основни потреби како флаширана вода, поради недоволна безбедност и квалитет на водоснабдувањето.

Женските организации порачаа дека проблемите како водоснабдување, пристап до услуги, економска активност и учество во одлучување се прашања од национален интерес, кои не можат да се решаваат само локално. Тие побараа системски политики што ќе ги препознаат и адресираат специфичните потреби на жените во руралните средини, со цел создавање одржливи и правични заедници.

ShareTweetShare
Previous Post

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

Next Post

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

Related Posts

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа на „Плачковица“ во Струмица

недела, 7 декември, 2025 | 16:22
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist