СВР Струмица информира дека е поднесено известување до Основното Јавно обвинителство во Струмница против двајца 17-годишници од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Имено, на 12 април на крстосница од ул. „Мајка Тереза“ и ул. „Тодор Проески“ во Струмица при вршење увид по случена сообраќајна незгода помеѓу товарно возило и мотоцикл, управуван од малолетник, под мотоциклот биле пронајдени 13 ќесички со марихуана. На 15.04.2022 година, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на малолетникот во Струмица, во присуство на неговиот дедо, при што била пронајдена и одземена марихуана, стои во денешното соопштение на СВР Струмица.