сабота, 15 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Преку ИПАРД набавив нов трактор – аплицирав сам без консултанти и чекав долго но вредеше, вели Александар Гугуљанов од струмичко Муртино

среда, 15 октомври, 2025 | 08:11
in Вести, Струмица
Преку ИПАРД набавив нов трактор – аплицирав сам без консултанти и чекав долго но вредеше, вели Александар Гугуљанов од струмичко Муртино

Гугуљанов од Муртино кој произведува околу 130 тони зеленчук, во 2020 решил да ја искористи можноста на ИПАРД

Александар Гугуљанов од струмичкото село Муртино цел живот се занимава со земјоделство. Почнал уште како дете, заедно со своите родители, а денес тој и неговата сопруга самостојно го водат семејното стопанство. Обработуваат околу 30 декари земја, а производството им е насочено кон пролетна зелка и куртовска капија или популарната црвена пиперка ајварка.

„Имаме околу 80 пластеници со зелка и исто толку со пиперка. Годишно произведуваме околу 80 тони пиперка и 40 до 50 тони зелка“ – раскажува Александар.

Во 2020 година, решил да ја искористи можноста што ја нуди ИПАРД програмата и да вложи во нов трактор. Вели дека информациите за програмата ги добил во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица, по што решил да аплицира.

„Мерката ми изгледаше примамливо. Сакавме да инвестираме во подобра механизација, затоа што со старата опрема производството е потешко и побавно“, вели тој.

Александар аплицирал сам, без да користи консултантски услуги.

„Сè си собрав сам. Единствена помош добив од вработените во Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството. Многу ми помогнаа, ми објаснија што точно треба и како да ја подготвам документацијата“, објаснува тој.

Од аплицирањето до добивањето на решението поминала речиси една година.

„Процедурата е долга, не е баш едноставна. Треба време да се соберат сите документи, а потоа и самото чекање трае. Но, на крајот се исплати“, вели Александар.

Александар аплицирал сам, без да користи консултантски услуги

Купување со сопствени средства, па чекање за поврат

Вкупната вредност на тракторот била околу 8.200 евра. Според условите на ИПАРД програмата, Александар прво морал сам да ја покрие целата инвестиција, а потоа да добие поврат на 40% од средствата.

„Јас го платив целиот износ, а по купувањето имаше неколку контроли, дојдоа на лице место да проверат дали е купен тракторот, дали е регистриран. Откако сè беше потврдено, државата ми ги врати парите“, објаснува тој.

Иако е задоволен од мерката, вели дека најголемиот проблем е што прво треба сам да ги обезбедиш средствата.

„Не секој земјоделец има 8.000 евра на располагање. Најдобро би било, кога ќе се одобри проектот, државата директно да ја покрие својата обврска кон фирмата кај што се купува машината. Така не би морале да чекаме и да се заглавуваат сопствени пари“, смета Александар.

Премногу бирократија и патувања

Според него, постапката би била многу полесна ако обезбедувањето на документацијата оди преку еден центар, на пример преку ресорното министерство.

„Сè се води преку Министерството, ние сме регистрирани земјоделци, добиваме субвенции, имаме историја, не гледам зошто треба за секој документ да се оди во Скопје. Пет-шест пати патував од Струмица до Скопје за различни потврди. Тоа одзема време, трошоци и нерви“, вели тој.

Мило ми е што повеќе луѓе се охрабруваат да аплицираат на ИПАРД, вели Александар

Поттик и за други земјоделци

Неговиот позитивен пример веќе го следат и други земјоделци од Муртино и околината.

„Некои добија трактори, други добија системи капка по капка. Сите што ме прашаа, им кажав што точно треба. Мило ми е што повеќе луѓе се охрабруваат да аплицираат“, вели Александар.

Тој планира повторно да аплицира, овојпат за дополнителна механизација, и смета дека ИПАРД програмата е важна поддршка, иако има свои предизвици.

„Мерката е добра. Се чека долго, бирократијата е тешка, ама на крајот  се исплаќа“, завршува тој. (З. Ѓоргиев)

ShareTweetShare
Previous Post

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица

Next Post

Струмичанец пукал со воздушна пушка кон боци со плин на бензинска станица

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist