На 9-ти јуни од 19:00 часот во малиот парк во Струмица ќе има настан каде зборовите ќе горат како светилници на надежта, а музиката ќе ја прегрне секоја душа со својата топлина. Обединети преку уметноста, да се биде глас на добрината и срце на солидарноста.
Замислен е како хуманитарен настан со цел да соберат средства за настраданите од Кочани и да се испрати една голема прегратка, полна со љубов и светлина, до нашите ангели.
Организаторите го очекуваат вашето присуство и хуманост кои ќе бидат повеќе од гест – мост кон подобро утре, каде секој стих и секоја мелодија носат нова искра на надеж.
Понеделник, 9 јуни | 19:00 часот | Мал градски парк – Струмица