четврток, 19 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

На иницијатива на пратеникот Миле Цеков, пратеничката група на ЗНАМ поднесе предлог за измена на Закон за ДДВ, со кој се зголемува прагот за замјоделците за стекнување статус на ДДВ обврзник

вторник, 20 мај, 2025 | 17:45
in Вести, Струмица
На иницијатива на пратеникот Миле Цеков, пратеничката група на ЗНАМ поднесе предлог за измена на Закон за ДДВ, со кој се зголемува прагот за замјоделците за стекнување статус на ДДВ обврзник

На иницијатива на пратеникот Миле Цеков од Струмица, пратеничката група на ЗНАМ за Наша Македонија, денеска до Собранието поднесе предлог за измена на Закон за ДДВ, со кој се зголемува прагот за замјоделците за стекнување статус на ДДВ обврзник од 2 на 4 милиони денари.

Со овој предлог-закон се предлага во членот 51 на Законот за ДДВ зголемување на прагот за  задолжителна регистрација за ДДВ од 2.000.000 денари на 4.000.000 денари, но исклучиво за регистрираните земјоделци – физички лица.

Предлогот на закон за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се заснова врз истите цели и начела врз кои е заснован Законот за данокот на додадена вредност. Целта со предложеното законско решенија се очекува да се олесни административниот товар врз малите и средни земјоделски стопанства, да се подобри нивната ликвидност и да се создаде поволна фискална рамка која ќе го поттикнува развојот на примарното земјоделско производство.

Миле Цеков – пратеник во македонското Собрание од ИЕ4 на Движењето ЗНАМ

Постојната одредба во член 51 од Законот за данокот на додадена вредност предвидува праг од 2.000.000 денари годишен промет за задолжителна регистрација за ДДВ за земјоделците. Сепак, во пракса се забележува дека регистрираните земјоделци овој праг го реализираат уште во првите 4-5 месеци од годината. Ова предизвикува проблеми кај индивидуалните земјоделци кои се оптоварени со дополнителни административни обврски и дополнителни трошоци заради книговодствени услуги. Дополнително тој процес одзема време, а кој е клучен ресурс на земјоделците. Сето тоа влијае на намалување на нивната продуктивност, бидејќи тие добиваат дополнителни обврски кои одземаат време и финансии. Дел од земјоделците, откако ќе го достигнат прагот од 2.000.000 денари, вршат продажба на земјоделските продукти за готовина, со цел да не ги надминат пропишаните лимити на банкарските сметки или пак користат сметки на други лица на чие име се префрлаат парите од продажба на земјоделски продукти. На тој начин, прагот од 2.000.000 денари предизвикува раст на сивата економијата.

„Со цел да се отстрани оваа ситуација и да се обезбеди флексибилност за земјоделските стопанства, предложуваме зголемување на прагот за регистрација за ДДВ од 2.000.000 денари на 4.000.000 денари, но исклучиво за земјоделците. Оваа измена ќе овозможи повеќе време за легитимно зголемување на прометот. Земјоделците ќе имаат прираст на приходот распределен во целата година, наместо да ги достигнува своите лимити во почетокот на годината. Намалување на неопходноста за непредвидени и неформални трансакции, зголемувањето на прагот ќе ги отстрани притисоците за продажба и купување „за кеш“, што ќе ја зголеми транспарентноста и официјалното следење на економските активности. Поттикнување на развојот и модернизација на земјоделството: Повисокиот праг ќе им овозможи на земјоделците да инвестираат во развојот на своите стопанства и да ги искористат целосно пазарните можности, придонесувајќи за зголемување на конкурентноста на аграрниот сектор“ – вели пратеникот Миле Цеков, образложувајќи го предлогот.

ShareTweetShare
Previous Post

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица

Next Post

Со спасувачка вежба струмичките пожарникари го одбележаа 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Related Posts

Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Вести

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци

вторник, 17 јуни, 2025 | 09:48
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

понеделник, 16 јуни, 2025 | 14:23
Познатиот карате мајстор Илија Јорга – соке 10 дан, одржа дводневен семинар во Струмица
Вести

Познатиот карате мајстор Илија Јорга – соке 10 дан, одржа дводневен семинар во Струмица

недела, 15 јуни, 2025 | 19:12

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница
Kривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица – го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist