вторник, 9 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество

среда, 13 август, 2025 | 19:33
in Вести, Струмица
Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество

Александар Илиев од Струмица, член на Извршниот одбор на ЗНАМ – За наша Македонија говори за идниот настап на ЗНАМ на Локалните избори, за очекуваните резултати, за визијата на ЗНАМ за општина Струмица, но и за идеите на струмичани.

СтрумицаНет: Кои се плановите на ЗНАМ за Наша Македонија за иден настап на локалните избори?

Илиев: Раководството на ЗНАМ на национално ниво одлучи партијата да има настап со самостојни листи за советници. Во тек е финално договарање за поддршка на кандидатите за градоначалници меѓу коалициските партнери. Според анкетите кои ги правеше партијата се очекува сигурна победа во Куманово, а постојат реални шанси за значајна победа во Центар и во уште неколку општини. Во однос на Струмица, ЗНАМ ќе има своја советничка листа, која ќе биде спој на  млади, енергични и искусни луѓе кои веќе оставиле трага во животот на струмичани. ЗНАМ со квалитетот на листата во Струмица ќе покаже дека е партија која претендира да биде клучен фактор во идната општинска власт и партија која ќе ја наметне својата програма.

СтрумицаНет: Кој е вашиот очекуван резултат и на што ги засновувате вашите предвидувања?

Илиев: На национално ниво ЗНАМ ќе стане партија со неколку градоначалници и ќе има клучна улога во советите на повеќе општини. Во Струмица, очекуваме да сме конкурентни на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Анкетите направени во мај 2025 година, за општина Струмица покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат поддршка под 35%. Според тие анкети ние бевме клучот за мнозинство во советот. Едновремено ЗНАМ во Струмица постојано расте и со сигурност ќе биде партијата од која ќе зависи не само кој, туку и како ќе се менаџира Струмица. Граѓаните долго време бараат опција составена од способни и чесни луѓе, а сигурен сум дека во нас ќе ја препознаат таа надеж. Веќе имаме пријавено над 60 квалитетни активисти за следните Локални избори во општина Струмица и создаваме програма која е оригинална. Дополнително, секој ден во партијата ни се приклучуваат нови членови. Трендот на раст не прави да бидеме реални оптимисти за многу голем успех на Локалните избори во општина Струмица и општина Василево. Друг фактор кој влијае на изборите во Струмица е тоа што ние веќе имаме функционер од Струмица кој покажа дека сме различни од другите партии. Струмичани може секој ден да видат дека пратеникот Миле Цеков е меѓу народот и е достапен за сите, а за прв пат имаме пратеник од Струмица кој не зема надоместок за патни трошоци. Цеков покажа и дека нашите ставови пред и после избори не се менуваат. Во Собранието тој за залага за истите работи кои ги ветуваше пред изборите. Таа наша постојаност во ставовите со сигурност ќе биде дополнителен фактор за успех.

СтрумицаНет: Каква е визијата на ЗНАМ за Струмица?

Илиев: Ние имаме визија за промени кои ќе ја направат Струмица уникатна и подобро место за живеење, како и место во кое се заштитени чесните граѓани. Во овој момент не може да споделам детали за програмата и тоа ќе го оставам за периодот пред изборите. Меѓутоа може да дадам одредени примери во која насока ќе оди нашата програма. Ние се залагаме за даночни и други олеснувања за земјоделците. Ние сакаме нашите села да станат слични на селата во Англија, Германија и Словенија. Ние се бориме за здрава животна средина преку прогласување на Беласица за заштитена зона и сме за забрана за отворање на рудници на Огражден. Сметаме дека струмичани не треба да бидат жртви на несовесни лица и компании кои го загадуваат воздухот. Ние сакаме во Струмица да се стави ред со веќе огромниот број дивоградби и ќе спречиме бесправно сечење на дрва на ридовите над градот. Или ете да се запрашаме, зарем чесните граѓани треба да бидат жртва на лица кои го кршат законот, а општината треба да ги брани оние кои прекршуваат закон? Зарем уште треба домовите на нашите сограѓани на улица „Младинска“ да се поплавуваат или улиците во населбата Карпош да бидат без улично осветлување и преполни со ѓубре? Зарем треба Балдовци, Куклиш и Добрејци да не се поврзани со градот со пешачка и велосипедска патека и да не се подобро урбанизирани? Иако се очигледни правичните одговори на моите прашања, граѓаните треба да знаат дека проблемите не може да ги реши оној кој ги создал. Затоа ние ќе понудиме листа составена од способни и чесни лица кои ќе можат и кои сакаат да ги направат промените.

СтрумицаНет: Во изминатите недели низ Струмица можеше да се видат членови на ЗНАМ како анкетираат граѓани. Како напредува оваа ваша активност?

Илиев: Анкетирањето има за цел да направиме не наша програма, туку програма на струмичани. Анкетирање има за цел да излеземе од кругот на наши членови и активисти и да ги слушнеме неопределените, а често разговараме и со граѓани кои се симпатизери на други партии. Нашите пултови ги поставуваме на различни локации, за да допреме до различни луѓе. Веруваме дека само така може да дојдеме до реална претстава за ставовите и потребите на нашите сограѓани. Може да кажам дека од она што досега го собравме имаме многу конкретни предлози што сакаат граѓаните да направи идната општинска власт и предлози какви луѓе сакаат да бидат дел од советот. Сепак секоја идеја може да ја направи нашата програма не само наша, туку програма на граѓаните на Струмица. Ги поканувам сите наши сограѓани да пријдат на нашите пултови и да ги пополнат анкетните листови или преку разговор со наши активисти да си ги кажат ставовите. Граѓаните треба да знаат дека она што ќе го кажат ќе биде разгледано од наш тим и реално може да стане дел од нашата програма. Верувам дека повеќемина пријатно ќе се изненадат кога ќе го прочитат она што го предложиле како дел од нашата идна програма. Тоа ќе е дополнителен пример дека Струмица веќе има партија која е реално партија од народот за народот.

ShareTweetShare
Previous Post

Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

Next Post

Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов

Related Posts

Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Уапсен 22-годишен жител на Струмица – физички ја нападнал сопругата

вторник, 9 декември, 2025 | 12:55
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist