сабота, 15 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Музичка седенка на која публиката си потпевнуваше, а со рацете го следеше ритамот на „Чалгија саунд систем“

понеделник, 16 декември, 2024 | 09:01
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица
Музичка седенка на која публиката си потпевнуваше, а со рацете го следеше ритамот на „Чалгија саунд систем“

Концерт на бендот „Чалгија саунд систем“ се случи синоќа на камерната сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Оние што дојдоа ја имаа привелигијата да уживаат во една тивка, непомпезна музика, каква што е чалгијата, но моќна со секоја отсвирена нота во македонската староградска песна.

Два часа со убавите чалгиски звуци, моќната интерпретација на Добрила Грашеска, која во директната комуникација со публиката, направи чувство на музичка интимна седенка во која публиката си потпевнуваше, со рацете го следеше ритамот на инструменталистите и буквално со насмеани лица уживаше во прекрасниот концерт на „Чалгија саунд систем“. Бенд кој своето деби го имаше уште во 2010 година со издавањето на својот прв албум на кој беа отсвирени и отпеaни најубавите македонски чалгиски песни. По 9 години бендот издава уште еден албум насловен „Тихувај“, како провокација за авторски поглед на нова чалгија во која беа вметнати современи звуци.

На синоќешниот концерт публиката уживаше во звуците и интерпретациите на познатите македонски староградски песни: „Ајде дали знаеш паметиш Милице“, „По друм одам мајче“, „Кажи Јано, кажи душо“, „Дафино вино црвено“, легендарната „Македонско девојче“, неколку чалгиски ора, но и нови песни од последниот нивни албум со чалгиски звук.

Инаку, „Чалгија саунд систем“ е бенд којшто со самите почетоци наиде на одличен прием во Македонија, остварувајќи со тоа огромен број концертни настапи насекаде. Но бендот ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот, одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите светски фестивали на музиката во Рудлштад, Германија, каде во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Младиот струмичанец на пијано Стефан Ончев со награда на „Piano key“ – најдобро отсвирено дело од јапонски композитор

Next Post

Во чест на Видое Подгорец се одржа научен симпозиум – „Локалните културни обележја како топоси во книжевноста за деца“

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist