сабота, 6 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Кои се клучните чекори и фази за да аплицираат земјоделските стопанства од земјава и користат ИПАРД средства

среда, 18 јуни, 2025 | 10:57
in Вести, Струмица
Кои се клучните чекори и фази за да аплицираат земјоделските стопанства од земјава и користат ИПАРД средства

Вкупно 97 милиони евра неповратни средства доделува ЕУ на земјава во рамките на ИПАРД 3 програмата која треба да се реализира до 2027 година. Со оглед дека државата кофинансира 25%, тоа значи дека на македонскиот аграр му стојат на располагање околу 128 милиони евра. Досега преку оваа програма во периодот од 2007 до 2023 подржани се околу 3100 проекти во агросекторот при што се слеани над 223 милиони евра.

Овие средства се наменети за Mерка1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства поконкретно за механизација, складишта, технологија за преработка и обновливи извори како и за Mерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Годинава беше објавен за повик од мерката 1 за инвестиции каде поддршката која може да се добие од ИПАРД програмата е околу 60% и 70% за млади земјоделци.

„Апликантите ќе мора да имаат комплетна и точна документација за и околу статусот на земјоделското стопанство како и бизнис план, профактури, дозволи и понудиво која се аплицира но и дали се исполенти основните критериуми. Препорачливо и пожелно е да е млад земјоделец, женски претприемач, планинско подрачје и зелен бизнис со одржлива енергија или органско производство. Апликантите мора да имаат силен и реален бизнис план, односно проектот да биде со одржлив раст на производството, продуктивност“, вели Тихомир Петрески консултант за ИПАРД.

Тој тврди дека претходно треба да се приберат сите документи, но и да се користи помош од МЗШВ/Ипард телото, регионалните центри за рурален развој, но и консултанти. Помошта како што наведе е потребна бидејќи целата постапка е комплексна и бара и време и ресурси.

Според Петрески, при користење на ИПАРД средства апликантот мора да има доволно ликвидни средства или кредитна линија за кофинансирање на проектот што е еден од главните услови за поддршка на одреден проект од страна на ИПАРД.

Петрески беше дел од работилниците на тема „Можности и пристап до ИПАРД програмата – чекори до Европските фондови за земјоделството и рурален развој“, што здружението „Медија Инфонет“ од Струмица ги спроведе во Босилово, Радовиш и Богданци во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“, финансиран од ЕУ преку Евротинк, Алда и Бирц во земјава од проектот „Медиумите за ЕУ“.

(К.Ѓоргиев)

ShareTweetShare
Previous Post

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

Next Post

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Вести

Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

петок, 5 декември, 2025 | 08:20
Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“
Вести

Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“

петок, 5 декември, 2025 | 08:07

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist