сабота, 15 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

ИПАРД средствата императив и за пчеларите – за Ѓорѓи Делев од Штука кој произведува над 3 тони мед потребна е само поддршка

среда, 22 октомври, 2025 | 12:52
in Вести, Струмица
ИПАРД средствата императив и за пчеларите – за Ѓорѓи Делев од Штука кој произведува над 3 тони мед потребна е само поддршка

ИПАРД програмата е императив и за пчеларите. На неодамнешниот Агро саем во Струмица тие потврдија дека сакаат да го модернизираат своето производство, но се соочуваат со недостиг на средства. Тврдат дека им се потребни инвестициии како во осовременување на пчеларството така и во производство на готови пчелни производи со нивно пакување.

Ѓорѓи Делев од Штука, општина Босилово има над 300 пчелни смејства. На паша се на планините Огражден и Беласица. Заради климатските промени сака да ги сели и на друга локација и да ги заштити, но и да има поголеми приноси, бидејќи долгиот сушен период може негативно да се одрази на неговиот бизнис.

Преку ИПАРД програмата сака да набави нови кошници, но и соодветна приколка како за транспорт на пчелните семејства на подобри локации за паша, така и за транспорт на медот и пчелните производи по пазари, но и саемски манифестации или за продажба до куќен праг. Годишно проиведува над три тони мед. Во струмичко го сметаат за еден од најголемите производители на мед.

„Може да се направи многу повеќе од страна на државата во врска со користењето на парите од ИПАРД програмата. Државата треба да ни биде гарант и во целиот процес и во обезбедување на средствата за инвестирање. Еве, јас сакам да набавам приколка за транспорт на пчелните семејства за паша која паралелно би ја користел и за транспрот на медот за продажба, но постапката е обемна и тоа ме обесхрабрува. Мора да има олеснување на таа бирократија за ИПАРД средствата. Некој мора да застане зад нас. Нам ни треба поорганизирана помош од државата преку консултантските или фирми кои помагаат во процесот на аплицирање за ИПАРД, вели Делев.

Делев веќе неколку години се занимава со пчеларство. Го смета за семеен бизнси. „Пчеларство Делеви“ е неговиот заштитен знак со кој на повеќе саемски манифестации има добиено голем број награди. Носител е на земјоделско стопанство и спроед него ако сакаме позитивни ефекти во агросекторот ќе биде потребно поголеми инвестиции од државата.

Државата да помогне во процесот на аплицирање за ИПАРД

Околу ИПАРД програмата на иста линија е и Ѓорѓи Андонов, пчелар од Струмица еден од членовите на задругата „Пчелин рај“. Според него ретко кој пчелар досега се осудил да користи или добил ИПАРД помош. Признаваат дека им се потребни инвестиции за модернизација на целиот процес и дека се подготвени да инвестираат, но ако тргнат по патот на ИПАРД ќе помине доста време. И тој смета дека државата треба да најде начин и модел како преку своите институции и органи да помогнат во процесот на аплицирање, но и да се обезбедат поволни кредитни средства за инвестирање кои со Ипардот би се вратиле.

„Земјоделците, фармерите не се толку искусни со обезбедување на потребната документација. Еве ние цели пет години трчкаме по институциите околу беласичкиот костенов мед за регистрација. Треба да се направи нешто за да производителите не стануваат административци. Агенциите кои се на државно ниво треба да помагаат. Имаме користено од Програмата за рурален развој што е прифатливо за нас. ИПАРД средства ретко кој има користено од пчеларите, оти процедурата е доста сложена, комплицирана и се чека многу време од апликација до финализација. Можеби во таа насока треба да се размисли. Олеснување на целата постапка или пак државата да биде гарант“, вели Андонов.

Преку ИПАРД до машини за полнење вино

Дека државата треба да помага во процесот на апликација смета и Јане Томов од Тимјаник, неготинско. Тој има над 3 хектари лозови насади, а од пред десетина години има и семејна винарија. ИПАРД програмата ја има користено за набавка на машини во семејната винарија. Тој планирал да ја развива винаријата за што одлучил да инвестира во набавка на современи машини за полнење на вино и машина за произвдство на крунести тапи за затворање. Слушнал дека неговата инвестиција преку ИПАРД може да се поврати, па тргнал во целата таа постапка. Вели дека имало моменти кога сакал да се откаже заради административна постапка, но бил истраен.

„Користевме ИПАРД и сме задоволни, но државата во тој поглед треба уште повеќе да помага, во поглед на гаранции и олеснување на постапката, оти ако државата не ни помогне тешко ќе одат работите во лозарството. Инаку оваа програма ја искористевме во винаријата, инвестиравме во современа машина за полнење вино и за производство на крунести тапи за затворање на шишињата со вино. Долга беше постапката, но мора да се биде упорен и стрплив. Сепак инвестираш во нешто“, вели Јане Томов од винарија „Томови“.

Отворен повикот за мерката 7 од ИПАРД

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР објави дека е распишан Јавниот повик за доделување финансиски средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси и тоа следните приоритетни сектори: Aлтернативно земјоделско производство (кое не е поддржано според мерките 1 и 3), Преработка на алтернативни земјоделски производи (кое не е поддржано според мерките 1 и 3), Производство на храна и пијалоци, Поддршка на занаетчиски активности, Поддршка на услуги за руралното население, Поддршка на услуги во земјоделството, Поддршка на руралниот туризам.

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во Диверзификација на фарми и развој на бизниси лоцирани во руралните средини во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција, согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија. (Т.К.)

ShareTweetShare
Previous Post

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон

Next Post

Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist