понеделник, 19 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Градоначалникот на Струмица за лошиот квалитет на водата ги обвини директорите на АД Водостопанство – „СРАМОТА“!

петок, 27 септември, 2024 | 17:11
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Костадинов: Од утре ставам ништовност и вето на секој меморандум „на таквите“ невладини организации

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов пред малку на својата Фејсбук страница реагираше за квалитетот на водата за која од „Комуналец“ предупредија граѓаните да не ја користат за пиење.

Објавата на градоначалникот во целост ви ја пренесуваме:

Директорите на АД Водостопанство – Подрачна единица Струмица, а веројатно и директорот генерален на АД Водостопанство на централно ниво решиле да не освестуваат мене и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, тотално неосвестени за испораката на техничка вода од нивна страна до толку загадена што не сме во можност преку Филтер станицата да ја прочистиме до степен на питка вода!

На пример толку е голема негрижата од страна на АД Водостопанство за нивоата на водата на браните што пред некој ден на решетката на Филтер станицата пронајдовме риби, за кои се надеваме нема да ни биде испорачана фактура.

Замислете бараат финансии и се закануваат дека ќе не исклучат сите нас струмичани од снабдување со техничка вода.

Искрено очекував дека ако не друго барем ќе се погрижите за квалитетот на вода со кој не снабдувате, за да не бидеме приморани да ги известуваме граѓаните дека водата е со поголемо количество на Манган и е непрепорачлива за пиење!

Почитувани директори од АД Водостопанство, низ годините наназад ние се трудиме и сакаме да соработуваме, за жал немате капацитет како институција да ни испорачувате услуги за кои граѓаните плаќаат и директно и индиректно.

Преку 40 години немате исчистени речни корита кои за тие вон урбан опфат имате директна и непосредна надлежност, заради кои повторно ги доведувате граѓаните во опасност од поплави, па ние сме приморани со општински средства да целото тоа го регулираме.

Ова вака не може, да наплаќате за нешто кое што никогаш не сте го испорачале, доколку не ви е јасно прашајте колку пати општината, „Комуналец“ сме одобрувале средства за нафта, механизација, за да решиме одреден проблем, за кој вие сте НАДЛЕЖНИ.

Ваквите драмолетки почитувани функционери воопшто не се потребни, а кога веќе говорите за намалување на вработеноста и сакате да ни решавате наши проблеми, погледнете си го вашиот двор.

Изненаден сум од желбата и ревноста на АД Водостопанство да по секоја цена на пик е ставена Струмица, но пред се граѓаните на Струмица.

Со еден збор, СРАМОТА!!!

Ние сме издржливи и мудри, Струмица и струмичани издржале многу, ќе ве издржиме и вас, на крај нормално ќе победиме.

А со вас, вратата секогаш ќе биде отворена за соработка, но во рационални, разумни и логични рамки.

До тогаш, променете се, инвестирајте и почнете еднаш засекогаш да испорачувате услуги пред да испорачувате фактури.

Прочитајте го УСТАВОТ на Македонија пред јавно да се заканувате, оти ако добро ве разбрав, слабо го познавате.

Од мене ви е простено, дел од работите ќе ги решаваме веројатно на суд, граѓаните сами нека си одлучат!

  • НЕ ЈА КОРИСТЕТЕ ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ – предупредува „Комуналец“
ShareTweetShare
Previous Post

НЕ ЈА КОРИСТЕТЕ ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ – предупредува „Комуналец“

Next Post

АХВ денеска соопшти дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба

Related Posts

Во понеделник прекин на електричната енергија на улиците „Атанас Караманов“ и „Ката Поцкова“ во Струмица
Вести

Утрово во 5 часот Струмица осамна без струја

недела, 18 мај, 2025 | 08:44
„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43

ТОП ВЕСТИ

Утрово во 5 часот Струмица осамна без струја
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist