Во сабота, 17 мај во хотелот „Сириус“ во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб Струмица“, како дел од светската мрежа на „Ротари Интернационал“, која брои над 1.4 милиони членови со над 45.000 клубови ширум светот, обединети во идејата за хуманост, служба кон заедницата и градење мостови на пријателство и соработка.
Свечениот настан по повод отворањето на клубот е во 20:00 часот и ќе биде од хуманитарен карактер, а се очекува да присуствуваат бизнисмени, преприемачи, градоначалници од регионот, пратеници, советници, преставници на верски заединци како и граѓани кои ја поддржуваат иницијативата.
Средствата собрани на овој настан преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за Детското одделение – Педијатрија при ЈЗУ Општа Болница Струмица.
Ова е прв ваков настан во Струмица и претставува важен чекор во развојот на заедницата, преку хуманитарна, едукативна и општествено одговорна работа.