сабота, 15 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор

четврток, 23 октомври, 2025 | 13:57
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор

По повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун во 1893 година, денеска во организација на Општина Струмица, во Домот на АРМ се одржа свеченост на која за историјата на празникот говореше новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела го доби мандатот за градоначалник од огромното мнозинство граѓани.

Тој говорејќи за празникот 23 Октомври, кажа дека ова е датумот кога е вкоренета идејата за конечно ослободување на Македонија и зачувување на националниот идентитет. И дека формирањето на Македонска Револуционерна Организација во далечната 1893 година бил сложен и тежок процес во борба против османлиската власт во Македонија, потецирајќи дека и покрај сите интелектуалци, дејци и чеда на Македонија свој придонес дале и наши струмичани, личности кои овде во струмичкиот регион создале една база за итно ослободување на Македонија, меѓу кои се и Ристоман Попчевски, Атанас Нивичански, Стојан Ѓоргиев, Ана Христоманова, Новоселски, Ајдински, чиј пример во втората светска војна го следеле и струмичките партизани.

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Петар Јанков, кој веќе од понеделник би требало официјално да ја презема градоначалничката функција, во своето обраќање кажа дека како човек кој ја наследува локалната власт во Струмица, борбата за Македонија и денес ќе ја продолжи.

„Дури и на локално ниво, ние ја преземаме битката на претходните генерации за да ја направиме Струмица, а со тоа и Македонија достоинствена, слободна и просперитетна. Да ја ослободиме нашата татковина од криминалци, од предавства, од долгови. Да ја ослободиме од луѓето кои прават неправда на нашата држава и нашиот народ“ – кажа Јанков.

Свеченоста беше збогатена со културно-уметничка програма. Со свои рецитали настапија членови на Домот за деца и млади „Благој Мучето“, музички точки изведоа ученици од основното музичко училиште „Боро Џони“, а играорците на ансамблот „Фолклорна низа“ ја претставија македонската традиција преку неколку кореографии на македонски ора.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

Next Post

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist