сабота, 21 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Куклиш одбележани годишнини од опожарувањата на селото

недела, 16 февруари, 2025 | 14:39
in Вести, Струмица
Во Куклиш одбележани годишнини од опожарувањата на селото

СтрумицаНет

Во струмичкото село Куклиш денеска беа одбележани годишнини од опожарувањата кои оваа населба ги претрпела во својата историја. Во Спомен-костурницата се одржа панихида, а потоа ученици од основното училиште „Даме Груев“ со читање реферат ги потсетија присутните за историјата на несреќите кои го погодиле ова место низ вековите, одземајќи десетици жртви од мештаните.

Пред присутните се обрати и куклишанецот дедо Јанко Јефтимов, кој десетлетија наназад ја истражува и зачувува историјата на селото, околијата и татковината за идните поколенија. Тој апелираше властите да се заинтересираат за културното и историското наследство на Куклиш и најпрво да постават туристички табли до Спомен-костурницата, како и до црквата „Св. Петнаесет тивериополски маченици“, за овие локации да се најдат „на карта“ и да бидат подостапни за посетителите.

Споменикот во Спомен-костурницата потсетува за три големи пожари кои ја зафатиле оваа населба. Според зачуваните информации, во 1831 година, во раниот период на националната преродба, мештаните доградиле еден објект и го отвориле како црква без за тоа да добијат дозвола од властите, поради што кајмакамот, управник на Струмичката каза, им наредил да го срушат незаконски дограденото и да не служат без дозвола, а откако наредбата не била исполнета, во селото дошла војска и при уништувањето на објектот предизвикала пожар во селото.

Во февруари 1904 година, како што се пренесува и денес, во ова село, кое било значајна алка во каналите на Македонската револуционерна организација, престојувала чета предводена од војводата Крсто Новоселски, која била откриена и започнала битка со турските војски. Четата, на која ѝ се приклучиле и месните дејци на организацијата, успеала да се извлече, но турските сили се одмаздиле со убивање на десетици мирни жители, обесчестување на жените, ограбување и опожарување на нивните домови. Овој случај бил документиран и од странски претставници кои во тоа време престојувале во Македонија за да го надгледуваат спроведувањето на реформите и пречекорувањето на власта.

Во 1912 година, пред падот на турската власт во Македонија, Куклиш претрпел уште едно опожарување.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Полицијата упадна во домот на 52-годишен струмичанец, кај него пронајдена марихуана

Next Post

Гореле хаварисани возила во дворот на струмичката болница

Related Posts

Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија

петок, 20 јуни, 2025 | 14:02
Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи
Вести

Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи

четврток, 19 јуни, 2025 | 22:06
Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Вести

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“

четврток, 19 јуни, 2025 | 12:57
Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24

ТОП ВЕСТИ

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist