Видео

Манифестацијата „Етно Вешта жена“ за прв пат се одржа во Струмица, во рамките на „Вешта жена“

Вештите жени од Струмица собраа околу 12.000 денари од продажбата на специјалитети на традиционални јадења, која се одржа синоќа на „Етно Вешта жена“ во ресторанот „Ројал Парк“ во Струмица.

Манифестацијата „Етно Вешта жена“ за прв пат се одржа во Струмица, во рамките на „Вешта жена“, која веќе неколку години се одржува во Струмица, како и во повеќе градови низ Македонија.

Првата „Етно Вешта жена“ беше од хуманитарен карактер и наменета за децата со аутизам од Струмица, ученици во паралелката која е во состав на ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.
„Тиквата“, торта подготвена од Магдалена Мафкова, според гласовите на присутните, го освои првото место, а на лицитацијата таа ја достигна сумата од 2.000 денари. Мафкова го освои и второто место за специјалитетот „тиква со кандирано овошје“, додека третото место го освои Вецка Митрова, за чоколадната торта во форма на буренце.

ВИДЕО

cache/resized/58819469f1c3252e7656da3d94f00395.jpg
08 Фев 2015

ВИДЕО од „градот мој“ Струмица

cache/resized/7812babe9f4caac42383471afbf9525b.jpg
11 Сеп 2014

Пукотници ги разбудија струмичани! Градот е ослободен!

cache/resized/67c678415b3057e00f86b87c527f2996.jpg
24 Нов 2014

ЕТНО ВЕШТА ЖЕНА „Струмица 2014“

cache/resized/78d296268c7f1725379e9f7e08cccafb.jpg
06 Јан 2015

Градоначалникот Зоран Заев во посета на првото родено бебе во 2014-та

cache/resized/ae76d8752c28215e4c136cc8e3850409.jpg
05 Јан 2015

Актерот Томе Ментинов замина во пензија