Екипата на „Селект“ победник на „уличната кошарка“ во Владевци

28 Август 2015

Минатогодишниот победник, екипата на кафе барот „Селект“ од Струмица е победник и на годинашниот турнир во „улична кошарка“

Минатогодишниот победник, екипата на кафе барот „Селект“ од Струмица е победник и на годинашниот турнир во „улична кошарка“, кој по трет пат се одржа во селото Владевци, општина Василево. Втора е екипата „Нипром“ од Струмица, а трета „Авто Парк“ од Владевци. За најдобар играч е прогласен Дуле Костуранов од екипата на „Нипром“.


Наградите на најдобрите им ги врачи покровителот на овој турнир, градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов.


„Street basket“ турнирот во Владевци се одржуваше на 25, 26 и 27 август на кошаркарското игралиште во оваа населено место, а се натпреваруваа 10 екипи поделени во две групи.


Инаку, вечерва помеѓу завршните натпревари се одржа и културно-забавна програма со настап на играорците од Радичево и „stand up“ комедија на Аце Мешо од Ново Село.