„Улична кошарка“ во Владевци

18 Август 2015

Станува збор за турнир кој ќе се одржува на кошаркарското игралиште во оваа населено место, осветлено за рекреација и во ноќните часови

По повод христијанскиот празник Голема Богородица, а под покровителство на општина Василево и градоначалникот Ване Стојанов, на 25, 26 и 27 август во Владевци по трет пат ќе се одржи турнир во улична кошарка или попозната како „Street Basket“.


Станува збор за турнир кој ќе се одржува на кошаркарското игралиште во оваа населено место, осветлено за рекреација и во ноќните часови.


Според организаторот, Месната заедница од Василево, секоја екипа ќе брои по 4 кошаркари, котизацијата е 1500 денари, а пријавувањето е до 24 август, до 18 часот.


„Во зависност од пријавените екипи, истите ќе бидат поделени во групи и најдобрите одат понатаму за да последниот ден во меѓусебна пресметка се дознаат кои ќе бидат најдобрите 4 екипи за кои има предвидено богат награден фонд“ - велат организаторите.