Градоначалникот Ване Стојанов на муслиманските верници им го честиташе празникот Рамазан Бајрам

16 Јули 2015

Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, по повод Рамазан Бајрам, на верниците од исламска вероисповед им го честита празникот

Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, по повод Рамазан Бајрам, на верниците од исламска вероисповед им го честита празникот.


Почитувани сограѓани, припадници на Исламската вероисповед!


Од мое лично име и од име на општина Василево Ви упатувам најискрени честитки по повод големиот Муслимански празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, мир, радост и успех во животот.


Во духот на вредностите на овој празник: добрината, разбирањето, љубовта, простувањето, разумноста, толеранцијата – нека бидат оној цврст темел врз кој сега и во иднина ќе се градат добрите меѓучовечки односи во нашата мултиетничка заедница и ќе бидат основа за нејзиниот севкупен развој.


Посакувам овој голем празник да го зацврсти взаемното почитување и соработката кои ќе вродат со нови успеси и придобивки за целата општина.


Моќта на верските и религиските учења да ја насочиме кон зацврстување на соживотот, заедно создавајќи и заедно празнувајќи.


Почитувани сограѓани, припадници на Исламската вероисповед. Ви посакувам убави празнични денови, многу радост, среќа, здравје и спокој во секое Ваше семејство.