Во сабота ќе се врши прскање против комарци на територијата на општина Василево

16 Јули 2015

Општина Василево ги информира граѓаните дека на 18-ти јули (сабота), во утринските часови од 05:00 до 08:00 часот

Општина Василево ги информира граѓаните дека на 18-ти јули (сабота), во утринските часови од 05:00 до 08:00 часот на целата територија на општина Василево, ќе се врши авинско прскање против комарци.


Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства, (пчеларите), да превземат соодветни мерки за заштита, односно затворање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3 до 4 часа по прскањето, поради можноста од влијание врз пчелните семејства, на средството со кое ќе се врши прскањето.


Истата активност ќе биде повторена и по 20 до 25 дена, за кое дополнително ќе бидат информирани жителите на општина Василево.