Работна средба на Советот за превенција на општина Василево

26 Јуни 2015

На состанокот, акцент беше ставен на превентивното заедничко делување на сите надлежни институции, за заштита од можни пожари

Локалниот Совет за превенција на општина Василево, одржа координативен состанок, на кој учествуваа претставници на општината и општинските јавни претпријатија, СВР Струмица, Регионалниот центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Шумското стопанство „Беласица“, Противпожарната единица од Струмица.


На состанокот, акцент беше ставен на превентивното заедничко делување на сите надлежни институции, за заштита од можни пожари, имајќи го предвид летниот период во кој се наоѓаме.


Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, го истакна позитивното значење на локалниот Совет за превенција, како неопходна алатка преку која општината може да делува превентивно и подготвено против можните непогоди и несреќи, без разлика дали се предизвикани од природен или човечки фактор.