Општинарите од Василево даруваа крв

11 Јуни 2015

Денеска во Василево се одржа традиционалната крводарителска акција на вработените во локалната самоуправа на општина Василево

Денеска во Василево се одржа традиционалната крводарителска акција на вработените во локалната самоуправа на општина Василево.


Веќе 7 години, по 3-4 крводарителски акции годишно се организираат од општина Василево, во соработка со Црвениот крст и Службата за трансфузиона медицина во Струмица.


Од општината најавуваат дека ваквите крводарителски акции ќе продолжат и понатаму, бидејќи со овие хумани активности се помага на луѓето и може да се спаси нечиј човечки живот.