Ќе се дислоцират електричните столбови во индустриската зона кај Градашорци

04 Јуни 2015

Постојната електродистрибутивна линија, која минува низ новата индустриската зона кај Градошорци, ќе биде дислоцирана

Постојната електродистрибутивна линија, која минува низ новата индустриската зона кај Градошорци, ќе биде дислоцирана. Оваа денеска беше договорено на состанокот што се одржа во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, на кој присуствуваа претставници од ЕВН Македонија и бизнисмени, сопственици на градежните парцели.


„Денеска во просториите на општина Василево беше одржан состанок со ЕВН, со бизнисмените, односно оние кои имат купено свои градежни парцели во новата индустриска зона во Василево. Преговорите беа во насока на дислокација на столбовите за снабдување со електрична енергија. Инвестицијата е околу 1.200.000 денари и ќе биде финансирана од стопанствениците“ - рече градоначалникот Стојанов.


Според него, активностите за дислокација на столбовите треба да започне во текот на наредната недела и целосно да биде реализирана за околу два месеци, со што ќе се создадат услови за отпочнување на следните активности, планирани од страна на општината, односно изградба на 11 метри широка улица во самата зона за која е планиран буџет од околу 15.000.000 денари.


Со дислокацијата на постојната електрична линија истовремено за стопанствениците им се создаваат услови за рационално планирање и искористување на целиот градежен простор.