Прием на градоначалникот Стојанов на младите спортисти на Олимпијадата

02 Јуни 2015

Повод беше постигнатите резултати и наградите на неодамна завршените Државни спортски игри за основни училишта, односно државната Олимпијада

Учениците – спортисти, одбојкари и атлетичари од ООУ „Гоце Делчев“ Василево, заедно со својот ментор, наставничката по физичко образование, Алма Хасанова, беа гости во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов.


Повод беше постигнатите резултати и наградите на неодамна завршените Државни спортски игри за основни училишта, односно државната Олимпијада, што се одржа во општина Карпош, Скопје, каде одбојкарите го освоија третото место и се закитија со бронзен медал, додека атлетичарите во штафета 4х100 метри освоија второ место и сребрен медал во машка конкуренција, а девојчињата трето место и бронзен медал.


ФОТОГАЛЕРИЈА