„Кока-Кола фудбалски куп“ и во Василево

29 Мај 2015

Во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, 40-тина основци, момчиња и девојчиња, играа фудбал

Василево е дел од годинашниот „Кока-Кола фудбалски куп“ во Македонија на „Скопска Пивара“ и „Coca Cola“ компанијата, а во организација на Отворените забавни фудбалски школи.


Основната цел на овој проект е создавање навики за практикување физички и спортски активности кај младите, како правилен начин за одржување здрав баланс на енергија во текот на целиот живот.


Во изминатите неполни два месеци, се одиграат фудбалски натпревари во повеќе градови низ Македонија, а вчера и во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, каде 40-тина основци, момчиња и девојчиња, играа фудбал.


Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, пред почетокот на натпреварите, на учениците им додели маици и шорцеви со логото на Кока-Кола купот.


Проектот годинава бележи рекорден број на 2000 учесници од 150 основни и средни училишта од 18 општини во Македонија.


ФОТОГАЛЕРИЈА