Општина Василево гради потпорен ѕид во Требичино

05 Мај 2015

Со ѕидот се заштитува дел од асфалтниот пат кој води низ селото и истовремено се зголемува безбeдноста

Деновиве, општина Василево гради потпорен ѕид во населеното место Требичино. Со ѕидот се заштитува дел од асфалтниот пат кој води низ селото и истовремено се зголемува безбeдноста на корисниците на овој пат.


Според градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, поради специфичноста на теренот, местоположбата во тој дел од патот како и влијанието на временските услови, дошло до напукување на асфалтот и попуштање на подлогата под него поради што ваквата интервенција е неопходна не само поради санација на патот, туку пред се заради безбедноста на оние кои го користат.


Населеното место Требичино е едно од 18-те населени места кои и припаѓаат на општина Василево со помалку од десет постојани жители. Но негови постојани посетители, посебно во потоплите месеци се жителите кои одовде одамна се иселиле и нивните семејства кои најчесто овде доаѓаат за време на празници и викенди, каде може непречено да уживаат во природните убавини на оваа планинско село.


Средствата за оваа активност во висина од околу 110.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Василево.