Стартап компанија има потреба од вработување на Software Engineer и Information Guide Specialist

16 Февруари 2017

Orb (Orbserve) е стартап компанија чијашто цел е да го револуционизира начинот на кој ги доживуваме местата кои што ги посетуваме. Со штотуку одобрена инвестиција, основниот тим добива зелено светло за започнување на имплементацијата на идејата. Првата цел е изработка на Native iOS апликација при што оваа позиција е екстремно важна.

Улогата на iOS developer ќе биде полна со возбудувања и лично надополнување на знаењата. Притоа желбата за постојан напредок и амбиција се еднакво клучни како и техничките знаења.

 

1. Software Engineer

 

Обврски и одговорности

- Изработка на добро структуриран софтвер за Native iOS апликација

- Комуникација со останатиот дел од тимот за напредокот на работата

- По изработката на MVP (Minimum Viable Product) за апликацијата континуирана работа по принципот на Agile Software Development за редовни ажурирања на софтверот.

- Постојано тестирање на софтверот пред нови ажурирања.

- Организирано одржување на сите документи за проектот.

- Постојано зачувување на документите во back-up.

- Организирана документација на софтверот и нејзино постојано ажурирање.

Квалификации

- Искуство со изработка на Native iOS апликација во Objective-C и/или Swift.

- Солидно знаење и искуство со Core Data, Git/GitHub, Grand Central Dispatch

- Одлично знаење за изработка и разбирање на алгоритми.

- Искуство со Google Maps API и нејзино прилагодување.

- Солидно познавање на англиски јазик.

- Познавање на принципот Agile Software Development

Работни услови по договор

За апликација испратете CV на:

 

2. Information Guide Specialist

 

Обврски и одговорности

- Наоѓање и склопување на информации

- Комуникација со останатиот дел од тимот за напредокот на работата

- Организирано одржување на сите документи за проектот

- Постојано зачувување на документите во back-up

Квалификации

- Одлично познавање на англиски јазик

- Одлични research skills

- Упорност и трпеливост

- Солидно познавање на Microsoft Office

Работни услови по договор

За апликација испратете CV на: