Власис Влаикидис повеќе не е тренер на струмичкиот прволигаш

14 Ноември 2017

Власис Влаикидис повеќе не е тренер на струмичкиот прволигаш, Кошаркарскиот клуб „Струмица“. По серијата од шест порази во низа, во исто толку одиграни натпревари, Гркот одлучи да си поднесе оставка - пишува „СпортМедиа.мк“

Влаикидис за „СпортМедиа.мк“ вели дека по лошите резултати оваа сезона, чувствува морална одговорност да поднесе оставка.

„Дадов се од себе за да го извлечам максимумот од моите играчи. Во изминатиот период работев на начин на најдобар можен начин. Но за добри резултати потребни се повеќе средства и луѓе кои ќе дадат допринос и помош на управата во обидот за враќање на кошарката во вистински правец, таму каде што бевме пред 10 години“ - изјави за „СпортМедиа.мк“ Власис Влаикидис.

Извор: www.sportmedia.mk