Обилни врнежи од дожд и до 70 литри на м², во недела пад на температурата

14 Ноември 2017

Под влијание на циклонска активност со центар над јужна Италија, до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.

Денеска врнежите ќе бидат послаби и повеќе застапени во западните и северните делови, а ќе се интензивираат во втората половина на ноќта.

Во овие денови на повеќе места врнежите ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови, каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во четврток и петок на повисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Во сабота ќе има слаб локален дожд, а од недела и опаѓање на температурата.