Светски трибјут на бендот RED HOT CHILI PEPPERS во Струмица

12 Ноември 2017

Во среда, на 15 ноември и Струмица ќе стане дел од третата европска турнеја на светскиот трибјут - единствениот слободен датум за гостување на нескротливите RED HOT!

„Red Hot Chili Peppers World Tribute“ е бразилски бенд формиран во São Paulo во 2003 година и е првиот светски tribute на RHCP.

Препознатливи се по тоа што ја користат истата сетлиста, истите костими и инструменти, верувајќи дека тоа е единствениот начин да ја создадат истата атмосфера каква што е на концертите на светски познатите Red Hot Chili Peppers.

Влезници по цена од 150 денари во продажба во EVENTUM (од 12:00 до 17:00 часот) & CLUB INDUSTRIAL.