Марина Павлова: Не чекај на шансите, создади ги!

11 Ноември 2017

Штипјанката Марина Павлова е дипломиран лаборант, која паралелно работи како фармацевтски техничар и менаџер за продажба во АVON.

- Зошто почнавте да соработувате со AVON?

Павлова: Она што најмногу ме привлече во AVON беше можноста за развивање на сопствен бизнис со неограничен потенцијал на заработка.

- Што точно претставува позицијата „Јуниор менаџер“ и колку Ве исполнува таа работа?

Павлова: На позицијата Јуниор менаџер имате сопствен тим од најмалку три координатори и околу 100 претставници, кои континуриано ги координираш. Можноста за тимска работа е она што исполнува во оваа работа и да се стремиш кон исполнување на индивидуалните соништа.

- Што ве мотивира денес во работата со AVON?

Павлова: Во AVON најмногу мотивира можноста за неограничена заработка, водење на сопствен бизнис и флексибилното работно време.

- На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?

Павлова: АVON е една од ретките компании која овозможува многу брз напредок со помош на постојани обуки, тренинг и наградување на секој вложен трудот. Едноставно ти дава можности сам да создаваш неограничени шанси во животот.

- Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат Вашите пријатели и семејството?

Павлова: Мојот тим ме доживува како пример од кого можат да научат како да изградат своја сопствена успешна приказна. Пријателите и семејството ме доживуваат како девојка која знае што сака и се стреми кон сопствената цел.

- Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?

Павлова: Едноставно, со правилно распоредени обврски се наоѓа време за се.

- Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON?

Павлова: Голем број на парични бонуси, вредносни ваучери, PATD Сертификат, награда за Јуниор менаџер...

- Која е Вашата главна стратегија за зголемување на тимот на Претставници и заработувачка?

Павлова: Посветеност, креативност и добро организирано време.

- Што планирате да правите во следните три години, односно дали и понатаму се гледате на оваа позиција во AVON?

Павлова: Во следните три години планирам да го зголемам мојот тим на луѓе, а воедно и да ја зголемам и заработувачката. За три години се гледам на повисока позиција од моменталната.

Комерцијална објава