Министерството за култура ќе ги поддржува манифестациите во Струмица

10 Ноември 2017

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денеска имаше работна средба со министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, во неговиот кабинет во Министерството.

На средбата станало збор за големите манифестации кои се одржуваат во Струмица и нивното досегашно игнорирање од страна на Министерството за култура, предводено од претходната власт.

Градоначалникот Јаневски побарал поддршка од министерот Алаѓозовски за во наредната 2018-та година, како што се Струмичкиот карневал, една од најдобрите карневалски манифестации во Европа, со голем број признанија и награди. За интернационалнит фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, за филмскиот фестивал „Астерфест“, за културните активности на „Струмица Опен Фестивал“, меѓународната Струмичката ликовна колонија, повеќе видови на фестивали и сите настани од областа на културата.

„Градоначалникот на Струмица ми укажа на 5-те клучни манифестации со години игнорирани. Му ветив поддршка и за нив и за други нови идеи“ - напиша на Фејсбук, министерот Алаѓозовски.