ФОТО: Се прошируваат гробиштата во Струмица

10 Ноември 2017

ЈПКД „Комуналец“ Струмица деновиве врши ископување и порамнување на дел од ридот над Градските гробишта во Струмица, каде се подготвува простор за поставувања нови гробни места.

Во рамките на оваа активност, екипи на ЈПКД „Комуналец“ работат и на отворање на нов заден влез/излез на гробиштата и бетонирање на патеки.