На фасадата на Музичкото училиште поставен мозаик

10 Ноември 2017

Веќе четири дена претставници на невладината организација „Добредојде Македонија“, на фасадата до влезот на основното Музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица, изработуваат мозаик насловен „Линиите на звукот“.

Станува збор за проект поддржан од Министерството за култура, во рамките на проектот „Нов културен бран“, а од невладината „Добредојде Македонија“, кои 7 години работат на културна дипломатија во промоција на природно-историските убавини и богатства на Македонија, велат дека целта им е развој на мозаикот како културна индустрија.

Учениците од Музичкото училиште денеска беа дел од изработката на мозаикот. На свеченоста по тој повод, покрај музиката што им ја подготвија на присутните гости, меѓу кои и сопругата на премиерот, Зорица Заева, учениците го комплетираа мозаикот и истиот ќе остане вредност и за идните генерации.

ФОТОГАЛЕРИЈА