Украдени 40 илјади денари од црквата „Св. Ѓоргија“ во Сушица

10 Ноември 2017

Непознат сторител украл 40.000 денари од црквата „Св. Ѓоргија“ во Сушица, општина Ново Село.

Според информациите на СВР Струмица, вчера во 09:00 часот, Б.Д. (67 години) пријавил во полиција дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Ѓоргија“ во село Сушица.

Сторителот ја отворил вратата од помошната просторија за продажба на свеќи од каде одзел околу 40.000 денари во разни апоени, по што избегал.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.