Од 9 часот прекин на струјата во дел од Василево и други населени места

10 Ноември 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека денеска (петок, 10 ноември), од 09:00 до 12:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Василево, центар на селото, позади Дом на културата и околу него, а од 09:00 до 15:30 часот и во населените места: Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос, Рудник „Огражден“ - погон Мемешли, викенд населба во Раборци и „ЕЛАС“ Раборци.