Александра Јанева ја најави новата песна „Бам бам“

09 Ноември 2017

На 16 ноември преку социјалните мрежи поп-пејачката Александра Јанева ќе ја промовира својата најнова песна „Бам бам“ со видео-запис.

Автор на музиката и текстот на песната е Марко Маринковиќ - Слаткаристика, а аранжманот е на Иван Јованов - Iwayo.

Оваа соработка ќе биде промовирана на бугарско-германскиот канал Facing The Sun во четврток, 16 ноември.

Пејачката во сабота, на 11 ноември ќе го има својот деветти настап во струмичкото Concept Café, а на 14 ноември ќе настани како дел од струмичката естрада на хуманитарниот концерт за Никола Новоселски.