Тијана, Магдалена и Ивана заминаа во САД на финалниот натпревар по англиски

08 Ноември 2017

Средношколките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова, заедно со професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова од Струмичката гимназија „Јане Сандански“, денеска заминаа на ЈЕИЛ Универзитетот во Соединетите Американски Држави, каде ќе учествуваат на финалниот натпревар по англиски јазик, кој ќе се одржува од 9 до 14 ноември.

Ова учество е резултат на постигнатиот успех на ученичките на преелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот во Атина.

Поради овој успех на 11 и 12 април 2018 година финалето на Светскиот ученички Куп, кое секоја година се одржува на ЈЕИЛ Универзитетот во САД, ќе се одржи во Струмица.