Пронајден возачот кој го прегази 72-годишниот пешак кај Куклиш. Се работи за 22-годишно момче од Струмица

08 Ноември 2017

Секторот за внатрешни работи - Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ј (22 години) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ - информираат од СВР Струмица.

Имено, на 04.11.2017 година, во 04:30 часот на регионалниот пат Струмица-Банско, поточно на излезот од селото Куклиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале, патничко моторно возило управувано од непознато лице и 72-годишен пешак од Куклиш, кој веднаш по ударот од здобиените повреди починал на лице место.      

Увид на лице место е извршено од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. По наредба на јавниот обвинител починатото лицето е испратено на обдукција во Скопје.

Од страна на СВР Струмица, а во координација со јавниот обвинител превземени се интензивни мерки и активности за пронаоѓање и идентификување на непознатиот возачот, во меѓувреме распишана е и централна потерница.

На 07.11.2017 година пријавениот е лишен од слобода на ГП „Табановце“ на излез од Македонија при обид за бегство и со кривична пријава е предаден во ОЈО Струмица.

На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.