Градоначалникот Јаневски одржа средби со жителите на Добрејци и Просениково

08 Ноември 2017

Нови предлози и идеи за подобрување на условите за живот во наредната 2018 година, дадоа синоќа жителите на населените места Добрејци и Просениково на средбата со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и неговиот тим.

Оваа средба беше дел од планираните средби со граѓаните од урбаните и месните заедници, а со кои им се дава можност на граѓаните директно да се вклучат во креирањето на буџетот на општина Струмица за 2018 година.

Собирите со граѓаните ќе продолжат утре во населените места Рич со почеток во 18:00 часот и Попчево со почеток во 20:00 часот во просториите на училиштата.